Сутерен.мк

Вуди Харелсон се реинкарнира како женско бебе

Деветмесечното бебе по име Кора, деновиве стана виртуелен хит откако нејзината мајка објави фотографија на која неверојатно потсетува на Вуди Харелсон.

По ова, се јави и холивудскиот актер кој на ирското бебе му посвети песна:

„ Ода за Кора

Ти си неодолливо дете

споредбите со тебе ми ласкаат

имаш прекрасна насмевка

би сакал да ја имам твојата коса“

Се разбира, мајката набрзо на Твитер се пофали со песната, велејќи: „Не се случува секој ден Вуди Харелсон да и напише песна на ќерка ви“.

За ирските медиуми изјавила дека сличноста на нејзиното бебе со актерот всушност, ја забележал нивниот пријател.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *