Сутерен.мк

Вухан се опушти!

На 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, кој во Кина масовно се слави, луѓето танцуваа, скокаа и воодушевуваа додека нивните омилени музичари излегуваа на сцената.

Дводневниот фестивалот се врати во Вухан по едногодишна пауза поради пандемијата на Ковид-19, а организаторите изјавија дека публиката е ограничена, додавајќи дека присуствувале 11.000 луѓе.

Некои од гледачите носеа маски, но многумина не, пишуваат светските медиуми.

На дводневниот настан настапуваат познати и помалку познати локални пејачи и бендови на три сцени во Вухан Гарден Експо паркот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *