Сутерен.мк

Гвинет Палтроу: Никој повеќе нема да ме види

Актерката Гвинет Палтроу во неодамнешното интервју за Bustle најави повлекување од светот на актерството, но и од јавноста.

„Буквално ќе исчезнам од јавниот живот. Никој повеќе нема да ме види“, изјави познатата актерка.

Гвинет Палтроу се прослави со улогите во филмовите „Вљубениот Шекспир“, „Доказ“ и „Ема“, а многумина ја знаат и по улогата на Пепер Потс во серијата „Железниот човек“.

Сепак, по огромниот успех во светот на глумата, Палтроу реши да се посвети на својот бренд за животен стил „Goop“, кој се фокусира на создавање производи поврзани со нега, убавина, здравје и домаќинство.

Актерката веќе неколку пати ја изненади јавноста со бизарни производи, за кои тврди дека успешно ги продава. Како што признала, семејниот живот влијае на креативноста што и е потребна за успешен бизнис.

„Јас сум во фаза кога чувствувам дека работите се уште похаотични затоа што сум многу зафатена. Мојот син и посинокот се и двајцата во средно училиште, а понекогаш ми се чини дека школувањето само по себе е работа со полно работно време“, изјавила актерката.

Гвинет Палтроу со поранешниот сопруг Крис Мартин ги има ќерката Епл и синот Мозес, а во последните четири години е во брак со режисерот Бред Фелкух.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *