Сутерен.мк

Гледајќи цртанки, станал милионер

Каби Ламе, 22-годишниот Сенегалец е најследениот тиктокер и заработува милиони


На споменатата социјална мрежа веќе го следат 149,5 милиони луѓе, а за една своја објава заработува енормна сума на пари.

Менаџерот на Ламе, Алесандро Риџо, вели дека од една своја објава Ламе може да заработи и до 750 000 долари што значи дека Сенегалецот е на пат да заработи до десет милиони долари во текот на само една година.

Оваа сума на пари одредена е со договор, а поголем дел од приходите на момчето доаѓаат од рекламирани брендови на неговиот профил. Меѓудругото, модната куќа „Хуго Бос“, чие заштитно лице е Ламе, му платила 450 илјади долари за да настапува на нивната ревија на миланската модна недела и тоа да го сподели на неговиот профил.

А едно холивудско студио му платило на момчето 750 000 долари за само една објава на ТикТок.
Ламе, инаку почнал да снима на ТикТок откако ја изгубил работата во текот на пандемијата на коронавирусот. Неговите „неми“ видеозаписи, проследени со впечатливи изрази на лицето, исмејувале бројни ситуации и така станал хит меѓу корисниците.

Без оглед на тоа што не кажал ниту еден збор, Ламе успешно го пронашол заедничкиот јазик со своите следбеници, а тоа му отворило и бројни други врати.
Запознал некои светски ѕвезди, како Снуп Дог, Идрис Елба, Џејсон Деруло, Меси и Златан Ибрахимовиќ, Новак Ѓоковиќ…

Впечатливата пак експресија на лицето (како и англискиот јазик), ја учел гледајќи цртани филмови.
Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *