Сутерен.мк

Го врати ли Украина Херсон?

Украинските полицајци се вратија во јужниот град Херсон, откако руските трупи се повлекоа од регионот

Украинските сили вчера по речиси девет месеци руска окупација влегоа во главниот град на Херсонската област, а граѓаните ги пречекаа со ентузијазам, веејќи украински знамиња.

Враќањето на украинските војници во Херсон е историски ден, рече претседателот Зеленски, а честитки до Киев упатија САД и Велика Британија, коментирајки дека „Повлекувањето е јавно признавање на тешкотиите со кои се конфронтирани руските воени сили на западниот брег на реката Днепар.

Херсон беше еден од четирите украински региони за кои претседателот Владимир Путин тврдеше дека ги анектирал во септември – тврдење кое беше отфрлено на меѓународно ниво. Русија го анектира Крим во 2014-та.

Државното тело за следење на комуникациите соопшти дека националните телевизиски и радио програми продолжуваат со работа во градот, а советникот на градоначалникот на Херсон рече дека хуманитарната помош и залихите почнале да пристигнуваат од соседниот регион Миколаев.

Претседателот на Керсонбленерг, предвоен снабдувач со електрична енергија во регионот, исто така соопшти дека електричната енергија се обновува „во секое населено место во регионот Херсон веднаш по ослободувањето и добивањето задолжителна дозвола од војската“.

Тоа доаѓа во време кога украинската армија денеска спроведува „мерки за стабилизација“ во близина на јужниот град по завршувањето на осуммесечната окупација од страна на руските сили.

Руските војници се повлекоа од градот Херсон, но остана дилемата дали тоа е само стратегија или украинска победа. Руските војници се позиционирани на левиот брег на Днепар а за административна престолнина на Херсонскиот регион, кој е делумно контролиран од Русија привремено ќе биде пристанишниот град Геническ, лоциран многу блиску до границата со Крим и е одалечен околу двеста километри од градот Херсон .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *