Комплети за самотестирање на коронавирусот почнаа да пристигнуваат во грчките аптеки, а секој граѓанин има право на еден бесплатен еднаш неделно, како една од мерките да се реши наглиот пораст на инфекции и хоспитализации!
Приоритет на домашните тестови имаат наставниците и средношколците од 16 до 18 години, бидејќи властите имаат намера повторно да ги отворат училиштата, барем за финалното оценување.
Секој кој има позитивен тест обврзан е да се пријави на владиниот веб сајт и ќе мора да направи ПЦР тест.
Грција со своите 11 милиони жители вчера пријави рекорден број на заболени од 4 309 и 79 починати, па вкупниот број на смртни случаи порасна на 8 530 луѓе.