Шансите за мир во Украина се „минимални во оваа фаза“, изјави денеска генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш по телефонскиот разговор со Владимир Путин
„Имам чувство дека сме многу далеку од мир. Би лажел ако кажам дека тоа може да се случи наскоро“, рече Гутереш на прес-конференција.
„Немам илузии, во оваа фаза шансите за мировен договор се минимални“, рече Гутереш, додавајќи дека дури ни примирје не е на повидок.
Гутереш рече дека ги продолжува контактите со двете страни и дека се надева дека еден ден ќе може да се придвижи кон разговори на повисоко ниво.
Генералниот секретар на ОН разговараше со Путин и за извозот на руски прехранбени производи и ѓубрива. Кремљ денеска по телефонскиот разговор меѓу двајцата функционери објави дека Путин му рекол на Гутереш дека украинските житарки приоритетно треба да одат во земјите каде што се најпотребни.