Сутерен.мк

Даден е рок за екстрадиција на Палчо од Турција

Министерот за правда Кренар Лога информира дека и денеска неофицијално комуницирале со колегите од Турција околу екстрадицијата на Љупчо Палевски и била побарана информација од наша страна кога ќе биде неговата испорака.

На новинарско прашање дали од турска страна биле посочени одредени рокови кога Палевски би бил испорачан во нашата држава, Лога одговори:„ Ни дадоа некој рок. Јас не сакам да кажувам такви детали бидејќи таа работа зависи од нив а не од нас“.

„Неофицијално сме комуницирале и денеска од тука, баравме информација кога ќе биде испораката на Палевски“, кажа Лога.

„Според нивните правила мора прво таму да се потпише нивното МНР, па потоа министерот за правда и очекувам дека тоа ќе биде во брзо време, бидејќи такви беа и зборовите од мојот колега од Турција“, информира Лога.
Лога уште еднаш повтори дека при неговата неодамнешна посета во Турција бил информиран дека процедурата во судовите е завршена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *