Сутерен.мк

Дали сте токсична личност?

Доколку имате некои од навиките прикажани подолу, големи се шансите дека сте токсична личност осносно, дека им го загорчувате животот на луѓето околу вас…

Ако сте личност која сака постојано се да знае за партнерот или пријателите – каде се, со кого се, колку трошат, на што – или пак, сакате со него/неа да сте цело време заедно, тоа може многу брзо да стане отровно. Постои ризик другата личност да се почувствува заробено.

Очекувањата дека некој друг ќе се погрижи за вие да бидете среќни се отровни. Пријателите, семејството треба да ви го олеснат животот (и вие ним) во рамките на нивните желби и потреби, но дека нивна задача е да ве расположат кога се чувствувате несреќно или имате лош ден е претерано барање.

Едно е да му се каже некому дека сте имале слично искуство, а сосема друго е на сите начини да му докажувате дека вам ви било потешко. Тоа дека вие сте пребродиле којзнае каков проблем е потценување на туѓите тешкотии односно, обично отровно натпреварување.

За да ве сметаат за пријатна и стабилна личност, мора да бидете подготвени за компромис. Кога ќе се сретнат две различни мислења, потребно е преговарање. Доколку немате трпение и желба да ја слушнете и другата страна и се обидете да ја разберете, вие спаѓате во категоријата на отровни луѓе.

Другите луѓе не се ваш проект. Не треба постојано да им нудите решенија за нивниот живот. Треба да им помогнете, не да ги превоспитувате. Тоа е самоиницијативно емоционално вложување, кое најчесто е бесцелно. Ќе ви донесе лутина, гнев, а со тоа и непожелност да се биде во ваше друштво.

Една од најстрашните ситуации што може да ви ја приреди некој е да ве искара и потсети на некоја грешка, мислејќи дека така ќе ве мотивира да се смените. Всушност, најдобриот начин некого да отуѓите од себеси е со она – „нели ти реков?“ Наместо „набивање на нос“, многу подобар човек ќе ве направи, ако се понудите за разговор, затоа што „сте забележале промена кај него/неа“ и дека и стоите на располагање на личноста за било што, што е во ваша можност.

Извор…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *