Во реалноста, тешко е да се процени дали врската во која сте има потенцијал да биде „она вистинското“, вели доктор Гари В. Левандовски, професор по психологија и терапевт за парови. Тој вели дека кога ќе си одговорите искрено на овие 15 прашања ќе знаете дали сте во врска со љубовта на вашиот живот или треба да ги извадите розовите очила и да ја прекинете врската за да не си го губите времето еден на друг
Левандовски вели дека одлучил да ја состави оваа листа со прашања бидејќи најчесто му го поставуваат прашањето „Како да знам дека не сум во погрешна врска?“
„Тоа е прашањето за кое луѓето се најмалку опремени сами да го одговорат. Кога се обидуваат да одлучат каква е врската, не знаат кои прашања да си ги постават и се фокусираат на погрешните работи“, вели тој.
Ова се 15-те прашања:
Дали партнерот ве прави подобра личност и вие него?
Дали и двајцата може слободно да ги споделувате своите чувства, да се потпрете еден на друг, да бидете блиски и да не се грижите дека едниот ќе го напушти другиот?
Дали со партнерот се прифаќате такви какви што сте, без да се обидувате да го смените другиот?
Кога ќе се појави некакво несогласување, дали комуницирате достоинствено, без презир и негативност?
Дали и двајцата во подеднаква мера носите одлуки, имате моќ и влијаете во врската?
Дали вие сте неговиот најдобар пријател и вие негов?
Дали повеќе размислувате како „ние“ и „нас“ отколку „јас“ и „мене“?
Дали би си ги довериле еден на друг лозинките на профилите од социјалните мрежи и банкарските сметки?
Дали имате добро мислење еден за друг, без да имате „напумпано“ позитивен став?
Дали вашите, неговите и заедничките блиски пријатели сметаат дека имате супер врска што ќе го издржи тестот на времето?
Дали вашата врска е ослободена од „спорни теми“ како претходни неверства, љубомора или контролирачко однесување?
Дали вие и вашиот партнер делите исти вредности кога станува збор за политика, религија, брак, имањето деца и начин на воспитување на децата (ако ги имате)?
Дали и двајцата сте подготвени да ги жртвувате сопствените потреби, желби и цели еден за друг (без едниот да биде оној кој секогаш попушта)?
Дали и двајцата имате пријатен и емотивно стабилен карактер?
Дали сте сексуално компатибилни?
Левандовски вели дека ако искрено одговорите со „да“ на овие прашања, базирани на податоци поткрепени со научни докази и на интуиција, тоа значи дека вреди да останете во таа врска.