Сутерен.мк

Дама во притвор

Светот е деновиве окупиран со ангажманот за ослободувањето на де факто лидерката на Мијанмар, Аунг Сан Су Чи, која е приведена по државниот удар во земјата!

До државниот удар дојде затоа што војската тврди дека се украдени ноемвриските избори, на кои партијата Национална лига за демократија победи освојувајќи 83 отсто места во парламентот.

Аунг Сан Су Чи (75) е ќерка на генералт Аунг Сан, херојот на борбата за независност на Мијанмар (Бурма) и дојде на власт после убедливата победа на нејзината партија на изборите во 2015 година, кога земјата прв пат после половина век доби цивилна влада.

 

Таа е позната и како „Дама“ и е де факто лидерка на Мјанмар бидејќи Уставот не дозволува и официјално да стане претседателка на земјата поради тоа што беше мажена за Британец и нејзините деца имаат странско државјанство.

Па така, официјално ја врши функцијата на државна секретарка, а претседател е Вин Мјинт (кој е исто приведен од страна на војската), а е нејзин близок соработник.

За својата борба за човековите права Аунг Су Чи има добиено бројни меѓународни признанија и Нобеловата награда за мир во 1991 година. За неа се напишани многу книги, театарски претстави, дури и ирската група „Ју Ту“ и посвети песна…

Меѓутоа, во последно време таа е прилично критикувана заради нејзиниот однос кон муслиманското малцинство во нејзината земја.

Па така, „Амнести интернешнал“ ја повлече наградата „Амбасадот на совеста“ пред две години, што и ја додели во 2009 – та, заради „срамното предавство на вредностите за кои некогаш се залагала!“
Сепак, таа се уште е многу популарна во Мијанмар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *