Сутерен.мк

Да немаше абортус, јас не ќе постоев

Актерката Маја Хок зборуваше за забраната за абортус во Америка и откри како пристапот до легален абортус влијаел на нејзиното семејство, вклучувајќи ги и нејзините родители Ума Турман и Итан Хок.

За време на гостувањето во шоуто на Џими Фалон, Маја зборуваше за одлуката на Врховниот суд во Америка да го поништи уставното право на абортус.
„Денес ѝ се јавив на мајка ми да ја прашам за совет што да кажам во разговорот со тебе“, му рекла Маја на водителот, додавајќи: „Почнавме да разговараме за пресудата на Врховниот суд и за есејот што мајка ми го напиша пред неколку месеци, кога тие поставуваа дополнителни ограничувања за приближување кон абортусот, што му претходеше на сето ова“.
Ќерката на Ума, Маја, му кажала на Фалон дека одлуката на нејзината мајка да абортира била причината таа на крајот да се роди.

„Да не абортираше тогаш, немаше да стане личноста каква што стана, а јас немаше да постојам. Животите на моите родители ќе беа исфрлени од колосек доколку таа немаше пристап до безбедно и законско здравје, нега, основна здравствена заштита. Толку многу луѓе поради оваа пресуда не само што нема да можат да ги остварат своите соништа, туку всушност многумина ќе ги загубат животите и ќе бидат несигурни“, рече Маја.

„Само сакам да кажам е*ете, Врховен суд. Ќе продолжиме да се бориме и ќе победиме, како што тоа го правеа нашите баби“, додаде Маја.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *