Сутерен.мк

Дваесет години се шепотело за Онкологија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски уверува дека полицијата „ќе работи деноноќно и со полна пареа до оформување на пријавите“, во врска со истрагата на Клиниката за онкологија. Тој вели дека голем број лица, меѓу кои и новинари, во моментов споделуваат информации со МВР и на тој начин помагаат во истрагата.

Министерот не открива за кој временски период се однесуваат доказите што полицијата и Обвинителството ги прибира, но истакна дека долг период се шепотело. Според Спасовски, МВР има капацитет да го заврши случајот.

„Дваесет години се шепотело и денеска се преземаат активности. Затоа сметам дека целиот овој процес нема да биде ни малку лесен, меѓутоа е исклучително потребен ако сакаме да имаме промена на начинот на функционирање на институциите и благодарност до сите коишто придонесуваат оваа истрага да се изведе до крај, така како што е потребно, но и за сите информации коишто ги споделуваат луѓето во овој момент. Имаме повеќе лица коишто веќе споделуваат информации со колегите“, изјави Оливер Спасовски.

За вечерва (18 ч. пред Владата) најавени се протести за случајот Онкологија.
А здравствените власти тврдат дека во моментов нема злоупотреби

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *