Сутерен.мк

Дебелината како доблест

Американскиот новинар Томас Мортон има снимено филм во Мавританија каде што жените се сметаат за атрактивни само, ако се дебели!

Дебелината имено, означува богатство и престиж во земјата во која еден од главните проблеми е недостигот на храна.
Се оди дотаму што жените буквално, се товат, почнувајќи од утрото кога се хранат со леб натопен во маслиново масло и млеко од камила. Во текот на денот јадат се што може да се изеде, а не ретко пијат и стероиди и таблети со животински хормони, што не се наменети за луѓе. Создадени се дури и кампови за дебелеење на жени, каде што се испраќаат девојките пред мажење, кои дневно внесуваат и по 15 000 калории.

Бонус мудрост:

Големите жени се честопати многу несреќни зашто имаат огромно разбирање за човечките слабости, несовршености, стравови, слепила… Не се даваат себе си дозирано зашто, не се ни сметаат себе си за нешто вонредно, па празнината за невозвратеното ја доживуваат како децата – не разбирајќи го гневот, нагло и фуриозно!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *