Сутерен.мк

Девојчето на Сиа, денес е успешна убавица

Танчерката Меди Зиглер (19) присуствуваше на 94-то доделување на Оскарите кое се одржа во Лос Анџелес како дел од филмската екипа на “West side story“!

Меди се прослави уште како дете – прво се појави во реалити шоуто „Dance moms“, а потоа стана ѕвезда во спотовите на пејачката Сиа.

Меди првпат се појави во спот на Сиа во 2014 година за песната „Chandalier“.  Подоцна стана успешна манекенка и модел.

Меди исто така е и писателка, напишала трилогија за танчарка која со своето семејство се сели на Флорида, како и свои мемоари кои биле прогласени за бестселер од страна на „NST“.

Таа исто така е успешна и како дизајнерка, а соработувала и со брендот за спортска облека на актерката Кејт Хадсон.
Се појавила и во неколку филмови и серии, вклучувајќи ја и серијата „Pretty little liars“, а наводно за својата работа досега заработила околу пет милиони долари.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *