Сутерен.мк

Денеска е Бадник – утре е Божиќ денот на Христовото раѓање

Со Бадниково гранче, свеќа в рака и желба за добро здравје, православните верници ги наполнија светите храмови да го прослават Бадник – предвесник на најголемиот христијански празник Божиќ

Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ подигнато беше бадниковото знаме, а се осветија и бадниковите гранчиња. Старите кумови Александар Митевски и Драган Спасов Дац, традиционално пристигнаа со пајтон, заедно со новите Мојсо Мојсовски и Марко Илковски Јуниор, како и здравичарите. Новите кумови ја донесоа и големата погача, а Г.Г. Стефан даде благослов и упати порака до верниците.

По литургијата, традиционално се предаде бадниковиот ќуп. Сите посакаа годинава да имаме здравје, мир и сплотеност.

На овој ден кој значи исчекување на христовото раѓање верниците подготвуваат посна трпеза, целото семејство се собира, а според адетот се крши и лебче со паричка за секој член во семејството. Верниците велат дека на оној на кого ќе му се падне паричката ќе има бериќет и ќе го следи среќа цела година.

По двегодишна пауза поради пандемијата, годинава повторно илјадници деца од вкупно 62 градови чекореа во бадникови поворки. Со песната „Вечниот Бог“ го најавуваат Христовото раѓање. Од градскиот плоштад преку Камен мост, поворката тргна кон Соборниот храм, каде коледарчињата беа дочекани и дарувани од архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *