Не се нормално нумерирани. Се е како што треба.
- Забрането и казниво е користење на статуси и фотографии од туѓи профили без одобрение на нивните корисници! (Ова подлежи и на кривичните закони во многу држави. Имајте го тоа на ум!)
- Забрането и казниво е цитирање/тагнување, скрин-шотови/копирање на статуси и фотографии од туѓи профили без одобрение на нивните корисници! (Ова подлежи и на кривичните закони во многу држави. Имајте го тоа на ум!)
- Забрането и казниво е навредување, заканување, омаловажување и непочитување од било каков вид од страна на сопственикот на еден профил кон сопственикот на друг профил!
- Забрането и казниво е правење на лажен профил! (Тоа на Твитер. Овде, ако ве фатат, ве бришат.)
- Забрането и казниво е да се заканувате, навредувате, омаловажувате во коментари на нечиј пост! (Ако не ви се допаѓа напишаното, пријавете го! Имаме ФБ полиција. Малку е спора, ама функционира.)
- Забрането е да се правите попаметни на туѓите профили, отколку на своите: ако имате нешто толку важно да кажете, кажете го на вашиот профил! Зошто би популаризирале туѓ, не ни е јасно, ама бидејќи човечката будалаштина останува неразјаснета и понатаму, па само кусо ќе речам – нема крај, нема рај за себемразечките суштества, на кои Бил Гејтс им е најголемиот сотона! (Патем, да не беше нердов, уште ќе праќавте писма по гулаби! Ова, ко да знаете што е нерд! Хи, хи, хи.)
- Забрането е објавите на ФБ да се сфаќаат како општи вистини! Не знам по кој пат треба да ви се каже дека Фејсбук е „правење муабет сам со себе“ и дека не треба (а и срамота е) да се внесувате толку лично во секоја објава на него! Значи, чоекот, си бамбори нешто… И вие, токму Вие, толку знаените, треба така и да го сфатите – дека си бамбори нешто. Да лајкнете, кажете нешто општо (не да предизвикувате уште и уште прашања). И, не особено, да влегувате во дискусии дали на паторот пенисот му е во вид на сврдел или е!?
- Забрането е да мислите дека ФБ лајковите плаќаат било какви сметки или дека неговите корисници доаѓаат на нечиј погреб.
- Забрането е да помислите дека човекот на ФБ е истиот во реалниот живот! Ама кој вас тоа може да ви го докаже!? Вие сте група глупаци, кои веруваат само на она што е на Фејсбук!? Цркнете! (И ќе цркнете. Бил Гејтс, Сорос и кој и да беа другите… само на тоа мислат – да ве цркнат вас, мороните кои голтате се што ќе ви се пласира на интернет! Вие ќе рикнете сами, од неспособност и глупоќа, а да, ќе ги чипираат интелигентните и надарените. Радосна вест – нема такви меѓу вас.)
Забрането е да го обвинувате за било што сопственикот на ФБ профилот освен, ако не нарушува некое од законски одредените права! Дали брише статуси, што става, кога става… Тоа е негов, приватен/јавен дневник. Никакво право нема вашата селска муцка да му се меша во неговите импулси! Тоа не е ваш профил. Тоа не ве засега. Всушност, ништо не ве засега! Само, имате потреба да лаете. Замислете се околу таа потреба. Да докажете колку ве интригира нечиј ВИРТУЕЛЕН профил. Замислете колку ќе ни биде на сите јасно дека сте вознемирени од нешто, што не постои. Замислете колку сте слаби околу тоа, зошто толку ве интригира нечиј ФБ профил? И, ќе ја сфатите целата поента на проектот. А, можеби и не. Пошто сте глупи. Мнооогу глупи.
Марк Закерберг
П.С.
Не го замислував Фејсбук како слички од вашите шизофрении. Затоа и го купив Инстаграм – за оние што немаат што да кажат. Срцки, не ме терајте да го купам и Твитер, па да ве шутнам недоветните кои збор не пишале на ФБ, ок!?