Сутерен.мк

Диетата на супермоделите

Една од најпопуларните диети меѓу славните личности од шоу бизнисот е шведската диета, за која навосно, не мора да се бројат калориите и не е неопходен ни физичкиот напор. Слична е на палео диетата, фокусирана е на зеленчукот и интегралните житарки, локалната протеинска храна, со акцент на рибата и морските плодови…

Основните состојки на оваа диета се овес, р’ж, зеленчук, мешунки, кефир, масло од репка, лосос, скуша, шумски јагоди…

Од зеленчук се подразбира спанаќ, краставици, патлиџани, пиперки, зелка, карфиол, печурки, кромид, брокула, кељ, тиква, модар патлиџан, маслинки, марула. Сите видови на месо и риба, ореви и семки, јајца, немрсни млечни  производи, а од пијалоци само вода и незасладен зелен чај.

Многу ретко може да јадете компир, морков и темно чоколадо, а еднаш дневно можете да изедете и малку боровинки, јагоди или лубеница. И треба да се пие многу вода.

Шведската диета не треба да се држи подолго од 13 денови, бидејќи може да го наруши метаболизмот. Сепак, додека ја практицирате можете да јадете колку сакате и кога сакате, но само од наведениот список на намирници. Звучи чудно, но велат дека за две недели со овој режим на исхрана можат да се изгубат и до 12 килограми.

Важна напомена е и дека храната треба да биде свежа, печена или варена, без сол и не се препорачува за луѓе со сериозни здравствени проблеми.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *