Македонските репрезентативци Енис Барди и Александар Трајковски и селекторот Благоја Милевски добија дипломатски пасоши од Министерство за надворешни работи на Македонија по враќањето од Палермо, каде што Македонија ја победи Италија со 1-0 во плеј-офот за пласман на СП „Катар 2022 година“!
Утре попладне македонската репрезентација тргнува за Порто. Последниот плеј-оф предизвик меѓу Португалија и Македонија ќе се одигра во вторник, на 29 март, на стадионот „Драгао“ во 20.45 часот.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вети дека сите од македонската репрезентација ќе добијат дипломатски пасоши доколку ја победат португалската репрезентација.