Состојбата на нашите дланки откриваат многу за нашиот карактер, но можат да бидат и сигнификантен показател и за нашата здравствена состојба…
Слаб стисок
Во деловниот свет, слабиот стисок со раката е знак дека некој можеби и нема да го испочитува договореното. Во здравствена смисла, слабиот стисокможе да значи постоење на болест на мускулите или срцето.
Црвени дамки
Псоријазата е незгодна болест што често најпрвин се јавува на дланките. Се препознава по црвените дамки на кожата, а понекогаш и на ноктите.
Синкасти прсти
Рејновата болест е феномен што се јавува кога нагла промена на температурата или стрес, предизвикува привремен прекин на протокот на крв до прстите.
Тремор
Тресењето на рацете може да биде предизвикано од несоница, кафе, лекови, алкохол…, но и на пример, симптом за Паркинсонова болест.
Отоци
Болка во дланката, комбинирана со оток може да биде знак на ревматоиден артритис, лупус, васкулитис, склеродерма и инфламаторна болест на цревата.