Сутерен.мк

Добивме и виртуелно пиво

Хајнекен го претстави првото виртуелно пиво, а присутните новинари го нарекоа бизарен виртуелен настан. За време на презентацијата тие истакнаа дека се работи за „иронична шега“ направена со цел да се исмее нивниот бренд, но и сите други брендови!

Новиот тип на пиво е направен од „бинарен кодиран хмељ“ и „најсвежи пиксели“, а Хајнекен го опишува како необичен и недостапен премиум лагер со технолошки и мета-финиш во кој никој не може да ужива.

Од Хајнекен велат дека ова е порака до сите брендови кои влегуваат во метаверзумот, односно дека во некои производи најдобро се ужива во реалниот свет. Знаеме дека метаверзумите ги зближуваат луѓето на безгрижен и извонреден начин, но тоа едноставно не е најдоброто место за вкус на ново пиво, објасни шефот на светскиот бренд Брам Вестенбринк.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *