Сутерен.мк

Доктори заработувале на најнесреќните

Жена вработена на Клиниката за радиотерапија и онкологија сведочи дека пациентите биле манипулирани со лековите за рак

Вработена во клиниката, која сака да остане анонимна, вели дека терапиите не им се даваат на пациентите во целост, туку половина од секоја ампула останува, и таа се продава приватно. Таа тврди дека шестмина од 20-те лекари кои даваат скапи терапии вредни илјадници евра прават вакви манипулации и дека во одделението на дневната болница има посебен простор од задната врата каде што влегуваат пациенти кои плаќаат.

Според вработената на Онкологија, флагрантно се кршат прават на пациентите во ноќната смена, а скапите терапии за рак, според неа, се даваат со вкрстен потпис на директорот, специјалистот и главните медицински сестри. Таа вели дека ги пријавува овие неправилности од сочувство кон пациентите кои страдаат.

Министерот за здравство Беким Сали денеска побара од досегашниот директор на Онкологија, д-р Нино Васев, да поднесе оставка. Васев подоцна тврдеше дека се повлекол од лични причини.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *