Сутерен.мк

Дом во Вес Андерсон стил

Визуелниот маестро и еден од ретките современи режисери чиј стил е толку многу препознатлив, со секој свој нов филм ги поместува границите на естетиката. Доколку сакате домот да го уредите „а ла“ Вес Андерсон, ова се основните насоки.

Бои

Џиш црвена, виолетова, розова… Кој вели дека ѕидовите мора да бидат бели или во светло кафени нијанси? Ставете и портокалов двосед, црно-бел тепих, шарени перничиња… Може, се може!

Симетрија

Она на што Андерсон е доследен е симетријата! Таа е основа на се. За смиреност значи, симетрија, а „играњето“  потоа…

Модерно и винтиџ

Винтиџ струјата не ја зафати само модната индустрија, туку се прелеа и во другите сегменти на живеењето и тоа прилично, успешно. Набавете за домот винтиџ фотелја, машина за пишување, филџани за кафе…

Детали

Лампа, свеќник, постер… Во деталите е печатот на автентичноста.

Смело и неочекувано

Вес е познат по симетријата, но важен дел од неговиот визуелен идентитет е и пресвртот во неочекуваното – тоа всушност, најмногу и го издвојува. Што ќе рече, дозволете си да си поиграте со барем еден дијаметрално спротивен елемент во ентериерот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *