Достоинствено домување во староста

Архитектурата може да понуди повеќе од покрив над главата – може да создаде заедница, чувство на сигурност и естетика. Токму тоа го покажува еден станбен комплекс во Франција

Имено, во Франција се развиваат модели на домување што ја бришат границата помеѓу домот, заедницата и градот. Проектот „Ле Тојол“ од „АУНЕ архитектс“ е пример за тоа дека архитектурата може да понуди активен и достоинствен живот во постара возраст.

Со силно чувство за детали и материјали, со почитување на средината и одлично разбирање на потребите на корисниците и инвеститорите, бил создаден збир од 20 меѓусебно поврзани мали станбени единици и нова заедничка зграда со ресторан, како и пространа надворешна површина.

– Целта беше да се дизајнираат прифатливи станови за луѓе од позрела возраст, каде што висококвалитетното домување и флексибилното користење на просторот беа особено важни – објаснил архитектот Паскал Куран.

Во станбениот комплекс живеат луѓе кои се претежно независни, но имаат можност за повремена поддршка кога им е потребна.

Новите згради се хармонично интегрирани во имотот на поранешниот манастир „Ла Моер“, кој вклучува камени куќи и згради од различни архитектонски епохи.

Архитектот поврзал 20 нови станбени единици во низа, давајќи им изглед на мали одделни куќи. Концептот има помали плоштади и поврзани улици.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *