Сутерен.мк

Драган Даниловски: Зошто баш ние шампиони во смрт да бидеме?

„…До таа мера ли сме потонале во тотална, монструозна индиферентност кон несреќата, смртта на ближниот? Од каде толку егоизам и отсуство на емпатија? Перверзен танц на Танатос и Ерос!

Но, не е тоа тема на постов! Темата е – зошто баш ние шампиони во смрт да бидеме?
Многу причини се спомнуваат. Не биле доволно добри мерките! Народот не ги почитувал! Најлошо општо здравје сме имале! Доцна барале лекарска помош болните!

Но, прво срамежливо, па сѐ погласно, почна да се спомнува и една друга причина – отсуство на единствени протоколи (упатства) за третман на болни од КОВИД-19.
Но, тука на сцена е она бекетовско чекање на Годо! Петстотини и триесет дена (или нешто повеќе) го чекаме, а тој никако да дојде!
…Слушам по медиуми – тврдат некои – протоколи сме имале!? А зошто тогаш ЛКМ во својот проглас вели дека национални протоколи немаме!?

Ај, да речеме, ги има… можно ли е, во тие „протоколи“ да пишува дека основен елемент на третманот на ковид се антибиотици од широк спектар!? Зашто, секому досега му стана јасно дека мнозинството доктори – на сите нивоа на здравствена заштита – на болни од ковид – нехоспитализирани и хоспитализирани – ординираат антибиотици… многу често дури по два, многу често двојни дози (Сумамед) – па и тројни? Дури и на деца! Во кој протокол во светот пишува дека антибиотиците се столб на третманот на ковид? Во никој! Ако такви протоколи навистина сме имале – фрлете ги во канта!

Но, настрана протоколите… И без нив, ако имаат диплома од Медицински факултет, зарем нашиве доктори (не сите, се разбира) не знаат дека антибиотици не делуваат на вируси? Зарем не знаат дека антибиотик не се дава само за позитивен ПЦР тест? Или само за „црвено грло“? Или само за сува кашлица? Или за растечен нос? Зарем не знаат дека не се дава „за да не се спушти на плуќа“?
…Зошто, наместо да бидат конформисти, докторите од примарна здравствена заштита не го одберат потешкиот пат – да го едуцираат народот? Нели основна мисија на примарните доктори (и не само нивна) е здравствено да го просветуваат населението и грижа за здравјето, а не лекување на изгубеното здравје (to care not to cure)? Зарем лекување е давање антибиотици за вирусна инфекција – дури и на деца? Јас ќе речам – труење е! Зарем е можно некои да се водат и од лукративни мотиви?

Зошто едукативно не делуваат – голем дел од нив – и на полето на вакцинацијата? Зошто сѐ уште има невакцинирани доктори? Зошто такви има дури и на клиниките? Како може да има само околу 85 проценти вакцинирани доктори? Зошто не дадат личен пример? Како тогаш да очекуваме обичните луѓе да ни веруваат и да се вакцинираат без скепса и страв? Зошто има доктори кои дури и ги одвраќаат луѓето од вакцинирање? Зошто… Има многу „зошто“. Во таков амбиент, се создава плодна почва за теории на заговор! Теории на „мијазма“ на 21 век!…“

Повеќе на doktori.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *