Фејсбук с(р)еќавања…
Не може да има помирување, нит договор, со некој кој никогаш не се плашел дека ќе изгуби нешто.
****
Државата, која си ги изеде сопствените граѓани.
****
И, јавете ми кога првата фаза на нормализација на ненормалниот јавен дискурс на животов ќе биде речиси, завршена.
****
Се дружам само со слични на себе си. И – со полоши… Не бе, лажам: се движам осамено, како и секој носорог.
****
Си бил едно големо ништо, па си станал едно мало нешто. Па пак, големо ништо. Не бе дечко, не си ти ни лут, ни разочаран. Ти си збунет.
****
Индивидуалноста ја разбирам во сите димензии, факторот време е она што никогаш нема да го сфатам.