Сутерен.мк

Дубаи и рубинот

Еден од најголемите необработени рубини на светот, наречен „Бурџ Алхамал“ беше претставен првпат во јавноста во петокот во хотелот во Дубаи и посетителите во Обединетите Арапски Емирати ќе можат да го погледат цел месец пред да биде понуден на наддавање.

Благордониот камен од 8 400 карати и 2,8 килограми е еден од најголемите необработени рубини пронајдени досега и еден од најретките на светот.

Овој необработен рубин е пронајден во Танзанија, не е загреван, што значи дека не е обработуван. Во природна состојба е и затоа е драгоцен. Пред да биде понуден на аукција, рубинот ќе може да се разгледува следните 30 денови.

Цената на овој благороден камен со зеленкасти и темновиолетови тонови би можела да достигне 120 милиони долари.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *