Д-р Бољевиќ: Од септември почнуваме со лечење на болните од рак

Од септември во Русија почнуваат клиничките испитувања за два типа вакцини кои ќе се применуваат кај пациенти болни од рак. Едната вакцина е ентеромикс вакцината, а втората мРНК вакцината која се работи под раководство на академик Александар Гинзбург. Оваа мРНК вакцина ќе биде персонализирана (изработена за секој пациент посебно) и очекувањата се дека ќе биде многу ефикасна затоа што досегашните клинички испитувања врз животни покажуваат 100-процентен резултат кај меланомот, односно ракот на кожа.

МИА стапи во контакт со професорот Сергеј Бољевиќ, шеф на Катедрата за патологија на Универзитетот Сеченов во Москва, кој е дел од тимот кој работи на мРНК вакцината. Тој во интервју за МИА појаснува дека персонализираната вакцина ќе се изработува за 7 до 10 дена, а лечењето би траело околу пет месеци. За почеток, вакцината ќе се применува кај пациенти со меланом и одредени видови рак на бели дробови.

– За секој пациент се прави посебна вакцина. Се зема материјал од туморот и дел од здравото ткиво и со помош на вештачка интелигеција во рок од 7 до 10 дена веќе имаме вакцина и може да почне лечењето. Лечењето трае од пет до шест месеци и секојдневно се следи ситуцијата. Секоја недела дена се земаат примероци кои покажуваат како туморот заминува од организмот, односно како се намалува и како во крвта се намалуваат келиите на тумор и.т.н. Се надеваме на голема ефикасност на оваа вакцина и дека ова ќе биде голема револуција во лечењето на ракот, нагласува Бољевиќ за МИА.

Клиничките испитувања, кои професорот Бољевиќ повеќе преферира да ги нарече лечење, треба да започнат од септември и веќе се подготвени две групи од по 30 пациенти од Русија.

– Не може да правиме испитувања на пациенти од рак. Што се однесува до мРНК вакцината, таа е многу перспективна. Се надеваме дека ќе биде многу ефективна затоа што досегашните клинички испитувања покажаа практично 100-процентен резултат кај глувци кога станува збор за меланомот. За почеток најверојатно ќе се применува кај пациенти до меланом и одредени видови рак на бели дробови. Тоа е особено важно затоа што сакаме да ги покажеме првите резултати дека можеме да го излечиме пациентот во четвртиот стадиум од болеста и со метастази, вели Бољевиќ.
Во моментот се работи и на тоа во лекувањето да бидат вклучени и странски државјани но, како што вели Бољевиќ, сега сето тоа е во фаза на подготовка. Се прават списоци на пациенти кои одговараат на одредени критериуми што треба да ги исполнат.

– Не може да ги земеме сите видови на тумор, можеме само овие два типа и евентуално рак на бубрези, панкреас, дојка, дебело црево…, Имунолошкиот систем треба да е доста сочуван затоа што ако имунолошкиот систем е веќе уништен, тогаш на тој пациент тешко можеме да му помогнеме, бидејќи оваа методолија е заснована на стимулирање на имунолошкиот систем. Ако туморот се излечи, тогаш тој тип на тумор тешко дека ќе се повтори, појаснува Бољевиќ.

Вакцината засега ќе се применува само во Русија, но Бољевиќ не ја исклучува можноста во иднина таа да стане достапна за секој граѓанин. – Да ја завршиме првата фаза и да докажеме дека ова навистина функционира. Тогаш може да преминеме кон експорт технологијата за било која земја во светот, вели Бољевиќ.

Бидејќи се работи за персонализирано лечење односно вакцина изработена со високи технологии и посебно за секој пациент, таа ќе се плаќа, освен за руските граѓани кои ќе имаат поволности.

Втората вакцина на која исто така се работи во Русија е ентеромикс вакцината базирана на ентеровируси, а за клиничките испитувања за оваа вакцина веќе се избрани 48 пациенти. Оваа вакцина се работи под ракводство на академик Андреј Каприн. Досегашните испитувања покажале дека токсичниот ефект е „многу незначителен“. Лекот се нарекува „вакцина“ поради методот на неговото создавање односно од ослабени туморски клетки, слични на ослабените микроорганизми во превентивни вакцини.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *