Сутерен.мк

Ева Грин го поддржа Џони Деп

Актерката Ева Грин јавно го поддржа својот колега Џони Деп, кому со недели му се суди со поранешната сопруга Амбер Херд

Тој ја тужеше неа за клевета поради написот што го објавила во „Вашингтон пост“, во кој известува дека станала „лице на семејно насилство“. Иако не го спомнува Деп, лесно можеше да се утврди дека мислела на него кога ги раскажувала настаните од текстот бидејќи се совпаѓало со периодот кога биле во брак.

Според Деп, тој напис го одбележал, му го нарушил угледот и му нанел голема деловна и материјална штета.

Херд тогаш поднесе противтужба, а веќе три недели светот го следи судењето на поранешните сопружници, а во прашање се милиони.

Ева објави на Инстаграм заедничка фотографија со Деп и му испрати зборови на поддршка:
-Не се сомневам дека Џони ќе излезе од сето ова со чист образ и прекрасно срце и животот ќе биде подобар за него и неговото семејство отколку порано, напиша Грин.
Рочиштето продолжува во понеделник.
Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *