Еврејските здруженија ја осудија аукцијата во САД на која часовник за кој се тврди дека му припаѓал на Адолф Хитлер е продаден за 1,1 милион долари.
На часовникот „Хубер“, кој му бил продаден на анонимен понудувач, има свастика и на него се изгравирани иницијалите А.Х.
Меѓутоа, аукциската куќа, која претходно продавала нацистички предмети, за германските медиуми изјавила дека нејзината цел е „да ја зачува историјата“.
Во каталогот стои дека часовникот најверојатно му бил даден на Хитлер за неговиот роденден во 1933 година.