Претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви, најави дека заедницата ќе поднесе кривична пријава за името на новиот бугарски клуб “Цар Борис Трети” кој свечено треба да се отвори на седми октомври со церемонија во Охрид.
– По таква една личност да се регистрира културен центар, тоа е директна провокација. Тоа е на одреден начин враќање во фашизмот. Не може фашизмот на таков начин на голема врата да се враќа во Македонија, тоа е недозволиво. Ние ќе поднесеме и кривична пријава до Обвинителството, изјави Леви.
Бугарскиот клуб, како што претходно кажавме ќе биде отворен на семи октомври, а во јавноста се појавија и специјални покани за присуство на отварањето. Претходно се дозна дека охридскиот клуб бил отворен без позитивно мислење од Министерството за правда, но со писмена дозвола од синот на Царот Борис III Симеон Саксобурготски, како директен наследник на царот.
Изгледа не се во координација со еврејската заедница од Израел
https://carrieannebrownian.files.wordpress.com/2015/04/395px-d790d791d799d7a9d799_d798d799d799d79bd7a8_007.jpg