Сутерен.мк

Елиф и Дарко меѓу најдобрите на квалификациите!

Квалификациите за Мундијалот во Катар се уште траат, но УЕФА ги објави најдобрите играчи во европската зона од квалификациите. Според овие квалификации, Елиф Елмас е 11-тиот најдобар играч во квалификациите, а во првите 15 место најде и Дарко Велковски!


Имено, според ранкингот на УЕФА, Елиф Елмас е најдобриот играч на Македонија во овие квалификации со вкупно 121 поен според сите параметри кои се земаат предвид. Втор најдобар играч во нашиот состав е Дарко Велковски.

Елмас ги одигра сите десет натпревари во квалификациите, а притоа одигра 893 минути, постигнувајќи четири гола и две асистенции. Процентот на успешни додавања е 88,1 процент, односно реализирани 434 додавања од 486 обиди, а имал и 23 обиди кон противничкиот гол, од кои девет во рамките, а четири биле блокирани.

Велковски, пак, одигра осум натпревари и собра 679 минути и притоа постигна два гола. Има 47 одземени топки или 5,88 по натпревар, како и пет клучни блока при удар на противнички играчи, додека зад своето име има 465 успешни додавања од 541 обид.

Најдобар играч во квалификациите е Килијан Мбапе кој собра 342 поени, а зад него е Карим Бензема со 209. Серхио Бускетс собра 163 бода, Ојарзабал има 161, а Депај, кој е најдобар асистент и стрелец во квалификациите е на петтото место со 158 поени.

Македонската фудбалска репрезентација пред два дена во Скопје го совлада Исланд со 3:1 , во решавачкиот натпревар со што обезбеди учество на бараж натпреварите за Светското фудбалско првенство во Катар следната година. По учеството на Европското фуудбалско првенство, ова е уште еден историски упех на фудбалерите и на селекторот Благоја Милевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *