Елон Маск во твит напиша дека размислува да даде отказ од сите свои работни места и да стане со полно работно време инфлуенсер!
Тој исто така ги прашал своите следбеници што мислат за идејата, а одговорите биле различни. Така, некои му предложија да отвори канал на Јутјуб, а еден корисник на Твитер напиша дека тој веќе е „најдобриот инфлуенсер на светот“ и дека не му треба Јутјуб, бидејќи може да создаде своја платформа од овој тип.
Маск неодамна исполни едно од своите ветувања – го продаде имотот во Силиконската долина за триесет милиони долари, што е 7,5 милиони помалку од првичната цена.
Маск претходно изјави дека овој имот во близина на Сан Франциско е неговата последна преостаната куќа.