Сутерен.мк

Ете, ни измислија и трето око!

Дваесетиосумгодишниот Пенг Мин – Вок, креирал роботско „трето око“ за корисниците на паметните телефони што помалку да се повредуваат, кога при ѕверење во екраните се забиваат во ѕидови, бандери, дупки…

Јужнокорејскиот индустриски дизајнер смислил сатирично решение за „смартфон зомбијата“ – апаратчето го отвора проѕирниот капак кога ќе „почувствува“ дека главата на корисникот е спуштена и свртена кон екранот на телефонот. А кога „главучов“ е на препрека од еден или два метра, „механизмов“ му праќа звучен сигнал за пре3дупредување на опасност.

„Ова е иднината на човештвото со три очи“, изјави за агенцијата Ројтерс, Пенг, кој е постдипломец на инжинерски дизајн за иновации во Лондон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *