Француската филмска икона Жан Пол Белмондо, кој почина вчера во 89-тата година од животот, ќе остане запаметен по улогите, прекарот Бабел, но и по жените кои ги сакаше…
Елоди Константин
По завршувањето на воениот рок, во 1959 година актерот се оженил со танчерката Елоди Константин. Во бракот се родени ќерката Флоренс и синот Пол.
Урсула Андрес
Заради љубовта кон колешката Белмондо во 1966 – та се разведува од сопругата и следните седум години ќе ги помине со Урсула.
Лаура Антонели
И оваа романса е започната на филмскиот сет. Врската им траела од 1972-ра до 1980 година.
Карлос Сото Мајер
Двојката се забавуваше во текот на осумдесеттите од минатиот век, а Белмондо врската во една прилика ја опиша како многу возбудлива и весела.
Нати Тардивел
Актерот се вљубил во Нати во 1989 година, но венчавката се случи дури во декември 2002-ра, но ниту овој брак, како ни првиот не траеше долго. Сепак, во него Белмондо по трет пат стана татко – ја доби ќерката Стела.
Извор: Vogue France