Сутерен.мк

Животот се сели на покривите

Холандија, покажа како покривите на зградите можат да се пренаменат, па така изградиле патека за пешаци која нуди бројни содржини и го сели животот во градот на нова височина.

Организацијата „Руфтоп дејс“ со седиште во Ротердам изградила пешачка патека која ги поврзува покривите на трговските центри во центарот на градот, сакајќи на тој начин да покаже како би можел градот урбанистички да се развива во иднина.

Членовите на организацијата се грижат за разни нешта, од одгледување на храна до складирање на вода, а со изградбата на пешачка патека на покривите укажуваат како може да се пренамени неискористениот простор во најголемото европско поморско пристаниште.
Засега се искористени само три отсто од целосниот потенцијал на рамните покриви во Ротердам.
Портокаловата пешачка патека е долга околу 600 метри, а делницата на овој „воздушен мост“ го поврзува Светскиот трговски центар со една стоковна куќа на височина од 29.5 метри.
Покрај патеката која ќе биде отворена до 24-ти јуни, се наоѓаат помали соларни панели, уметнички галерии и платформи за слетување на дронови.

Доколку градските власти дадат зелено светло за ваквиот проект, во иднина организаторите ќе засадат и земјоделски култури и ќе изградат помали куќи од одржливи материјали.
Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *