Сутерен.мк

Заблуди за емпатите

Емпатијата може да биде многу моќна, но таа не е надчовечка. Ова се најголемите заблуди во врска со неа…

Емпатите никогаш не се лутат

Емпатите се поврзани со вашите најдлабоки емоции, позитивни и негативни. Главно се добродушни и затоа им е непријатно да покажат лутина. Меѓутоа, во некои ситуации таа е присутна во односите пред се, кога се случува нешто неправедно. Интензитетот и траењето на лутината може да го покажува размерот на стореното.

Емпатите секогаш сочуствуваат

Ова тврдење веројатно бара понатамошно истражување, но во многу ситуации емпатијата на некои личности може да изостане кога другата личност, пријател или партнерот, не покажуваат ни малку емпатија.

Емпатите немаат лидерски вештини

На емпатите често им се лепат етикети дека се чувствителни и премногу попустливи. Меѓутоа, истражувањата сугерираат дека интелигентните луѓе се најсилни водачи. Интересно е што емпатијата е темел на емоционалната интелигенција. Личноста која се труди да разбере не мора да значи дека ќе се откаже или ќе ги намали очекувањата. Напротив, оној кој ја поседуваа оваа дарба има тенденција за зајакнување, поттикнување и одржување на довербата во другите.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *