Сутерен.мк

Забранетата храна на британската кралска трпеза

Во Бакингемската палата постојат јасни правила околу должината на здолништата, количината на шминка, лакот за нокти, но и стилот на облеката и фризурите на мажите, а Елизабета Втора е таа која за се се прашува!

Некои од барањата се чудни и застарени како на пример, дека никој не смее да биде без чорапи на далечина помалку од 90 метри од кралицата или дека црната облека е забранета во палатата, а во формалните прилики членовите на кралското семејство мора да носат креации на англиски дизајнери…

Она што е многу интересно е и тоа дека кралицата и нејзините наследници не можат баш да јадат што сакаат! Барем не, во својот дом. Нешто поради традицијата, а нешто и заради вкусот на Елизабета Втора.

Тестенини

Причината зошто се забранети макарони, шпагети и слично на кралската трпеза е просто неверојатна – заради звуците што луѓето ги прават кога јадат тестенини, а кои се непријатни?!

Кромид и лук

Заради нивниот мирис, кој кралицата не може да го поднесе!

Компир

Уште една „да не ти се верува“ намирница не е на менито на кралското семејство. Едноставно, Елизабета Втора не го сака вкусот на компирот.

Морски плодови

Бидејќи морските плодови можат да бидат причина за труење или алергии, јастозите, школките, ракчињата… се на црната листа т.е. нивната употреба е забранета.

Паштета од гуска

Принцот Чарлс не може да се помири со окрутноста кон гуските (за оваа паштета се користи гускиниот џигер) така што, го нема ни овој деликатес на нивната маса.

Бели јајца

Не се знае зошто, но кралицата решила на трпезата да се служат само кафеави јајца!

Намирници вон сезона

Елизабета Втора во лето секој ден јаде јаготки, а во зима не ги ни погледнува. Тоа важи и за останатата храна – ако не и е сезона, не се ни јаде!

Повеќе на Elle Italia…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *