Заврши сведочењето на Палевски

Заврши исказот на Љупчо Палевски за двојното убиство.

Првообвинетиот на 22 ноември 2023 година кога беше киднапиран и убиен велешкиот пензионер поправал котел за греење, а претходно се сретнал со партиски член на чии име не се сеќава. На 27-ми ноември пред две години Палевски тврди дека бил во банка, а не во Бразда каде што беше убиена Вања.

– Ако сум убил ќе правев алиби, рече Палевски.

„Вашиот мотив во обвининието, е нелогичен и недокажан затоа што не се приложен ниту еден доказ, моето компарирање на логики и кажување е дека доколку било за користољубие ќе имаше засолниште, а не класично убиство. Ќе имаше контакт со мајката или таткото за да се направи таа уцена, за да се принуди некој да даде пари, но не само што не се случило, вие не понудивте ниту еден доказ на таа многу важна околност – мотив зошто е сторено делото“, рече првообвинетиот.

Знаел дека ќе биде уапсен, па затоа не се предал на полицијата во Баликесир. Судот се интересираше зошто не носел медицинска документација кога тргнал за Белград, а Палевски обвинува дека му ги украле без да ги заведат како одземени предмети кога бил екстрадиран во Македонија.

„Кога 48 часа сте во градот, не може да знаете каде се наоѓа полицијата а каде обвинителството… Еден од Интерпол, ме изнесе во ходникот, ме сликаше и му ја прати на Ватс ап на Оливер Спасовски. Тоа се класични ваши злоупотреби на истрагата и предистрагата каде ги сликате осомничените и ги праќате на медиумите. И немало бегање, ниту сум променил град на престој од осознанието дека сум осомничен“, рече Палевски.

Имало многу пропусти во истрагата и немало докази за Палевски, тврди неговиот адвокат.

„Како што тргна постапката така и заврши со прашања на луѓе кои ги теретиш за убиство, малтене да помогнеш на обвинетите. Ако хронолошки тргнеме може да видите дека ДНК на телефонот на Панче Жежовски има од лице кое што не е во постапката, така што има многу пропусти цела постапка без еден доказ за Љупчо Палевски Палчо“ – тврди Јовица Страшевски, адвокат на Палевски.

Адвокатот на другиот обвинет Боре Видевски ќе бара реконструкција на убиствата.

„Постојат најмалку дестина празнини од доказите кои ја налагаат потребата од реконструкција на настанот“ – рече Бојан Манев, адвокатот на Видевски.

Палевски сведочеше и дека бил неколку пати во домот на Манев во Велес, но не и вечерта пред убиството на Жежовски.

Судењето продолжува за две недели, со дополнение на доказна постапка, а потоа следуваат завршни зборови и првостепена пресуда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *