Сутерен.мк

Задоцнето родителство

Имам 40 години и се уште не сум мајка, а многу сакам, но ми е по малку и страв од тоа. Од една страна не сакам да останам нереализирана како мајка, а од друга се плашам дека нема да успеам да бидам добра мајка. Не знам дали е во ред да се раѓа на оваа возраст?

Иднина

Иднина дарлинг, во денешно време кога сите граници се поместени, што нагоре, што надолу веќе не е ниту чудно, ниту необично жените да раѓаат после четириесеттата. Иако, лекарите се речиси едногласни дека репродуктивниот период би требало да заврши околу 35-тата, штета е, ако се има голема желба за родителство таа да не се реализира доколку се има биолошка шанса за тоа. (Само не заборавајте дека и кај посвојувањето возраста на родителите може да биде пречка.)

Психолозите велат дека подоцнежното родителство има и свои предности. Емотивна стабилност, поголемо животно искуство, (поголема) финансиска сигурност…

Се претпоставува дека жената околу четвртата деценија има повеќе самодоверба односно, нејзиното докажување на повеќе фронтови ја прави да е помалку фрустрирана, а со тоа и постабилна. Се е индивидуално се разбира, но ете и во вашиот случај токму возраста ве прави да се плашите што ќе рече, да имавте дваесеттина години, ама ич немаше да се прашувавте дали ќе ве биде или не добра мајка.

Само напред драга моја, но не заборавајте дека бременоста со четири децении носи за вас ризици како спонтан абортус, висок крвен притисок, дијабетис…

И уште нешто: најдете си добра ббебиситерка на време. И млада. Зашто страшно боли кичмата кога креваш десеттина килограми со рацете по стопати на ден. А срце не ти дава да не ги кренеш…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *