Сутерен.мк

Закажан првиот комерцијален лет во вселената

Приватната компанија Axiom Space изјави дека ќе го реализира првиот комерцијален лет на Меѓународната вселенска станица (ISS), но дека тоа најрано ќе се случи во јануари, следната година.

Компанијата ќе лансира мисија која ќе биде прв лет кон станицата што се наоѓа на 408 километри од Земјата.

Мисијата веќе е наречена Ax-1 и ќе ја води Мајкл Лопез Алехријам кој веќе бил астронаут на НАСА и е потпретседател на Axiom Space.

Останатите три члена на тимот се приватни инвеститори – Американецот Лари Конор, Канаѓанецот Марк Пати и Израелецот Итан Стрибе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *