Сутерен.мк

Запознајте ја Преспа

„Запознајте ја Преспа“, е насловен фестивалот што настана од иницијативата да ги поврзува луѓе од трите страни на Езерото.

Овие три дена се реализира на неколку локации во Преспа, со добра музика, храна и дружење.

Фестивалот е кофинансиран од Европската Унија и се одржува под мотото – запознај го триаголникот на овој дел од светот преку музика, гастрономија и животот на локалното население, обединети заедно за европската перспектива на регионот.

– Преку фестивалот „Запознајте ја Преспа”, се запознавате со културното наследство на еден регион преполн со историски и културни локалитети, вклучувајќи антички цркви, манастири и археолошки локалитети.

Регионот има неколку живописни села познати по својата традиционална архитектура и мирен амбиент.

Музиката, гастрономијата и животот го формираат совршениот триаголник на регионот Преспа, порачуваат организаторите.


Најавено е дека амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на Европската Унија, попладнево ќе го отвори Форумот во присуство на Армен Григорјан, постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, вицепремиерот, министрите и градоначалниците од трите земји на крајбрежјето на Преспанското Езеро: Ресен (Македонија), Лаимос (Грција) и Пустец (Албанија).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *