Започна поврзувањето на двете Преспи

По 60 години, граничниот премин „Маркова нога“, меѓу Македонија и Грција, ќе стане реалност. Преминот бил во функција до 1967 година, кога е и затворен.

Евроамбасадорот Михалис Рокас во земјава, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, постојаниот преставник на УНДП Армен Григоријан и ресенскиот градоначалник Јован Тозиевски со засадување дрвца и удирање камен темелник од македонската страна на границата, го означија почетокот од реконструкцијата на граничниот премин Маркова Нога – Лемос (Герман) во Преспа.

Евроамбасадорот направи обиколка на регионот на Преспа каде ќе направи увид во проектите финансирани од Европската Унија. Во Царев Двор ќе го посети основното училиште „Браќа Миладиновци“ кое ја зголеми својата енергетска ефикасност преку грант финансиран од ЕУ, а подоцна ќе ја посети црквата „Света Петка“ во Брајчино, каде фреските треба да се зачуваат во рамките на прекуграничен проект финансиран од ЕУ за заштита и конзервација на културното наследство во областа на Преспанското Езеро.

Во следниот период ќе се изведуваат градежни работи за царинската зграда на Маркова Нога со придружната инфраструктура, и тоа канцеларија на осигурителната компанија, јавни тоалети, резервоар за вода, нова станица за третман на вода кај трафостаницата, три пристапни патишта и паркинг кај новиот граничен премин. Со новиот премин се очекува поголем економски и туристички развој на Преспанскиот Регион и поголема соработка на жителите од двете страни на границата.

,,Во престојните 16 месеци ќе се вршат градежните работи и ќе се трудиме да бидат навремено завршен. Неговата изградба ќе ни покаже дека економските развој и прекугранична соработка можат да одат рака под рака со одржливоста на животната средина” , рече постојаниот преставник на УНДП Армен Григоријан.

Наскоро се очекува со градежни интервенции да се започне и од грчката страна.

,,Ист е крајниот рок за завршување на работите и од македонска и од грчка страна, по договорот со ЕУ до 2027 година. Се подготвуваат и од грчката страна да почнат со градба многу скоро. Таму имаше еден пролем со патна инфраструктура од 3 километри која треба да се изгради. Таа е до пола изградена и се надеваме дека за скоро и од таа страна ќе биде отпочната градбата“, рече градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *