Вечерва (трети ноември), започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал „Омнибустопија“ со промоција на Монографија изработена во сито печат, разговори со „Партизанска штампа“, инсталација и концерт на „Намуз“, со почеток од 20 часот во Котур.
Целосната програма, велат од „Анксиома“, претставува своевидна рекапитулација на активностите на здружението во последните 12 месеци, но и антиципација на она што ќе следува во догледна иднина.
„Тоа значи дека музиката, повеќе од кое било претходно издание на ‘Омнибустопија’, ќе биде во преден план. Ќе имате можност да проследите несекојдневни концерти, изложба, разговори и работилница“, посочуваат оттаму.
Монографијата е изработена од колажи од улични плакати собирани во Скопје, Виена и Братислава, од ноември 2023 до февруари 2024 година и претставува коиздание на „Аксиома“ и „Партизанска штампа“. Разговорот ќе биде со Билјана Димитрова, Милош Стојановиќ, Дамјан Илиќ и Јован Гаковски од „Партизанска штампа“ со Владимир Лукаш. Исто така, ќе има и изложба/инсталација на метаколажи.
Музичкиот дел ќе го отвори дуото „Намуз“, а тоа се Андреј Татарчевски на електрична гитара/ефекти и Кристијан Новковски на тапани.
Фестивалот ќе трае до 6 ноември.
Програма
„Аксиома“ ја објави програмата за „Омнибустопија 6“, за која велат претставува своевидна рекапитулација на активностите на здружението во последните 12 месеци, но и антиципација на она што ќе следува во догледна иднина.
„Тоа значи дека музиката, повеќе од кое било претходно издание на ‘Омнибустопија’, ќе биде во преден план. Ќе имате можност да проследите несекојдневни концерти, изложба, разговори и работилница“, посочуваат од „Аксиома“.
3 ноември, недела
Котур, 20:00
Промоција на Монографија изработена во сито печат: колажи од улични плакати, собирани во Скопје, Виена и Братислава, од ноември 2023 до февруари 2024 година (коиздание на Аксиома и Партизанска штампа).
Разговор со Билјана Димитрова, Милош Стојановиќ, Дамјан Илиќ и Јован Гаковски од „Партизанска штампа“ со Владимир Лукаш.
Изложба/инсталација на метаколажи.
Концерт на Намуз: Андреј Татарчевски – електрична гитара/ефекти и Кристијан Новковски – тапани.
5 ноември, вторник
Салон 19:19, 20:00
Концерт на Одрон трио: Филип Букршлиев – електрична гитара, Нинослав Спировски – тенот саксофон/кларинет и Дени Омерагиќ – контрабас.
Концертна промоција на албумот Аспхалт Цалцутта: Јордан Костов – пијано, Ницк ДеЦарло – туба и Дарио Циевски – тапани.
6 ноември, среда
Салон 19:19, 20:00
Концерт на Мартин Џорлев (Луфтанза, Стој, После!, Зулу 3.4…) – електрична гитара, пијано, вокали и електроника.
Концертна промоција на албумот Флоатинг Степс: Глигор Кондовски – виолина и глокеншпил, Константин Хаџи Коцев – пијано и Мартин Георгиевски – електроника.
4 до 6 ноември, понеделник до среда
Просториите на „Партизанска штампа“, 18:00 – 20:30
Работилница на тема „Култура на демократија: како демократските вештини се рефлектираат врз креативниот процес на создавање уметнички дела“ (изработка на сито печат колажи). Работилницата ќе ја водат Билјана Димитрова и Милош Стојановиќ од „Партизанска штампа“.