Сутерен.мк

Застрашувачка порака кон сите новинари

Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател ја одобри екстрадицијата на основачот на Викликс, Џулијан Асанж во САД.

Педесетгодишниот Австралиец е баран во САД за објавување илајдници доверливи воени и дипломатски документи во 2010 и 2011 година, при што се соочува со низа кривични дела како шпионажа и хакирање на државни компјутери.

Обвинувањата носат потенцијална затворска казна од 175 години. Асанж има 14 дена да поднесе жалба до Високиот суд на Лондон, кој мора да одобри продолжување на постапката.

Генералната секретарка на Амнести интернешенал Агнес Каламар, изјави дека одлуката на Велика Британија е застрашувачка порака кон новинарите ширум светот.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *