Сутерен.мк

Затворски казни за масовното силување

Случајот го потресе светот, сега паднаа и казни – Доминик Пелико ќе помине две децении во затвор поради организирање на силувањето на неговата тогашна сопруга Жизел Пелико. Десетици силувачи се осудени

Тоа беше случај кој ја потресе Франција и целиот свет. Храбрата Жизел Пелико се соочи со десетици нејзини силувачи на суд. И со мажот со кој со децении беше во навидум хармоничен брак. Со човекот кој ги организирал силувањата.

Доминик Пелико е осуден пред судот во Авињон на две децении затвор, откако беше прогласен за виновен по сите точки од обвинението. Новинарите јавуваат дека тој плачел додека ја слушал пресудата. Претходно за време на судењето – признал се.

Доминик Пелико

Осудени се и сите останати кои се појавија пред судот, вкупно 51 маж. Тоа се оние до кои раката на правдата успеа да стигне – имало уште најмалку дваесетина силувачи. Еден починал за време на судењето.

Од нив 47 се осудени за силување, двајца за обид за силување и двајца за сексуална злоупотреба. Нивните казни се движат од три до дваесет години затвор, коишто се пониски од онашто бараше обвинителството.

Секој има десетдневен рок за жалба.

За време на судењето, 35 обвинети тврдеа дека Доминик Пелико ги измамил, наводно велејќи дека неговата сопруга се согласувала да биде силувана додека била во несвест.

Затоа, постои голем притисок врз претседателот Емануел Макрон и пратениците да ја разјаснат дефиницијата за силување. Се бара сексот да се смета за дозволив само со експлицитна вербална согласност.
Жизел Пелико (72) беше во брак со Доминик Пелико од 1973 година. Од 2011 до 2020 година, сопругот редовно организирал силувања во селото Мазан во југоисточна Франција, каде што живееле како пензионери.

Жизел Пелико

На жената и дал лекови за да ја онесвести, а наоѓал мажи да ја силуваат. Пелико го снимал сето тоа.

Шокантно е што силувачите потекнувале од сите општествени средини, биле возачи, програмери, новинари, многумина со навидум стабилен семеен живот.

Сето ова било откриено дури во 2020 година кога Доминик Пелико бил уапсен кога чувар го фатил како снима жени под здолништата на јавно место.

Тогаш и Жизел Пелико дознала за се. Таа одлучи судењето да биде јавно, иако имаше право да го чува во тајност. Така стана феминистичка икона.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *