Омажена британска наставничка која преку мрежата Снепчет завела 15-годишен ученик, а потоа имала и сексуални односи со него е осудена на казна од шест години и два месеца затвор.
Кендис Барбер (36) од Вендовер во југоисточна Англија, прогласена е за виновна за поттикнување и наведување на малолетници на сексуални дејствија.
Пресудата е донесена после две судења, а случајот е обелоденет во јавноста во 2018 година. Наставничката му испраќала на момчето топлес фотографии и еротски видеа, кои извесно време кружеле во училиштето како забава меѓу тинејџерите се додека за нив не дознал директорот, по што е отворена постапка.