Откако неодамна во светските медиуми се прошири приказната за жена од Јужна Африка, која тврдеше дека родила 10 бебиња, се покажа дека станува збор за измислица.
Измислицата на Госијаме била откриена откако владини претставници спровеле истрага и дознале дека лекарите од околната болница не забележале породување со десет бебиња.
Според истражителите, „утврдено е и дека таа не е воопшто бремена“, кога било во последно време. Ситоле сега е во психијатриска болница под надзор.