Сутерен.мк

За помалку пеглање

Никој не е пресреќен да пегла на овие неподносливо високи температури, па социјалните мрежи станаа ризница на совети како да се спасите од оваа здодевна и напорна задача!

Еве ги триковите на една тиктокерка како алиштата да ви бидат што помалку изгужвани:

  • Во машината за перење (со обоена облека и без претперење), ставете две коцки мраз, кои во текот на перењето ќе создадат пареа која ќе ги намали значително наборите на алиштата.
  • Измешајте една лажица оцет (бел), една лажица омекнувач (добро е и тој да не е обоен) и две чаши вода. Ставете го во шише со распрснувач, испрскајте ја облеката и оставете ја да се исуши.
  • Сите алишта откако ќе ги извадите од машината закачете ги на закачалки, како што го правите тоа и после пеглање. Добро би било потоа да ги сместите на место каде што има провев, но и терасата ќе заврши работа. Кога ќе се исушат, поголемиот дел од нив, нема да имаат потреба од пегла.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *