Фејсбук с(р)еќавања…
Спасот е можеби, да им дадеме шанса конечно, на скромните. Да се тргне тридеценискиот естаблишмент од МКД сцената, по вертикала, во секој сегмент, од секаква провиниенција, заедно со нивните ластари, кои се разгаќија во последниве десеттина години!
Иако, во циклуси, европската интелектуала го практикувала она – „ако се скромни, има и зошто!“, а преведено: „сам си крив, што не знаеш да се ’снајдеш’“, ароганцијата како се снаоѓаше и се снаоѓа видовме и гледаме, се уште.
За скромните, но не, за срамежливите, повлечените, инхибираните, незаинтересираните за успех и задоволство во животот!
Не, за оние што ни конструираат „лажни идентитети“, само затоа што пристојно се однесуваат или намерно ги занемаруваат своите квалитети!
Не, за непотребни маневри, само за прикажување на себе си во што подобро светло! (Генерации после нас ќе го „јадат“ заради ова.)
За скромните: за оние кои немаат потреба да се прикажуваат подобри, отколку што навистина се! Кои себе си се гледаат реално, ги знаат и ги прифаќаат своите маани.
Кои немаат потреба да доминираат врз другите и да се тркаат за да се дофатат до моќ, статус, пари.
За толерантните, кои не се претерано насочени кон себе си – само таквите се отворени кон нови идеи и мислењето на другите луѓе.
За скромните!
Кои ќе знаат кога не треба да бидат чесни и искрени!